Ојарзабал е хит, си легна на трева за да го сопре Барди (Видео)

Микел Ојарзабал одлично се снајде и со неговиот потег да легне на земја за да го спречи погодокот на Енис Барди од слободен удар е хит на социјалните мрежи.

Играчот на Реал Сосиедад добро го простудирал стилот на нашиот репрезентативец, си легна на земја, а топката упатена од Барди го погоди во телото.

Ојарзабал потоа постигна и гол за Реал Сосиедад со кој ја запачати победата од 3:1 на гостувањето кај Леванте.

Двајцата играчи одлично се познаваат уште пред Барди да пристигне во Леванте, а беа ривали на Европското првенство за младинци во Полска. Шпанија во меч од фазата по групи ја победи Македонија со 5:0. Барди тогаш го одигра целиот меч, а Ојарзабал го замени трикратниот стрелец Марко Асенсио.

Веројатно уште тогаш одличниот играч на Реал Сосиедад се запозна со невериоатните слободни удари што ги изведува Барди, па вчера најде чаре на несекојдневен начин да го сопре неговиот удар.

- Оглас -

Најнови вести