Окампос мина како низ дух, Севилја има пеколно второ полувреме (Видео)

Лукас Окампос постигна интересен гол, мина како низ дух во дуелот со Давид Сорија и ја запечати победата на Севилја од 2:0 против Хетафе.

Севилја игра одлично во октомври, а ја забележа и третата победа по ред со гол(ови) во второто полувреме. Претходно на ист начин паднаа и Леванте во Ла Лига и Дуделанж во меч од Лигата на Европа.

Триумфот на Севилја го најави Чичарито со погодок во 69-тата минута, а печат стави Окампос со погодок во 78-мата минута.

https://www.youtube.com/watch?v=DNQq1Sc5d2k

Клубот од Андалузија не прими гол на три од последните четири меча што ги играше на два фронта, а поразени се само од Барселона на „Камп ноу“ со 0:4.

По денешната победа против Хетафе, Севилја им се приклучи на Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад на позиција веднаш зад лидерот Гранада, која има 20 бодови, еден повеќе од квартетот екипи со по 19 бодови.

Хетафе го претрпе третиот пораз во Ла Лига и е на десеттата позиција со 13 бодови.

- Оглас -

Најнови вести