Окон казнет, Фетел ќе тргне од осмо место

Пилотот на Форс Индија, Естебан Окон, имаше добар резултат во квалификациите на Сузука за Големата награда на Јапонија во Формула 1 шампионатот, но доби казна и наместо од осмо, ќе тргне од 11 место на трката која се вози рано наутро.  Окон не ја намалил брзината на возење и покрај црвеното знаме, и тоа ја доби казната.

Полза од казната на Окон има и Себастијан Фетел од Ферари, кој беше очаен и заврши како дури деветти, па сега ќе тргне од една позиција погоре. На пол-позиција е Луис Хамилтон, а пред Фетел се и Ботас, Верстапен, Раиконен, Грожан, Хартли и Гасли.

Временските услови во Јапонија и можниот дожд најавуваат интересна трка, па предноста на Хамилтон што ќе тргне прв, може и да не биде пресудна, но неговиот ривал Фетел не покажува дека може да го направи понеизвесен шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести