Kоментаторот на националната турска телевизија ТРТ Спорт, Озкан Озтурк, беше крајно емотивен во последните неколку секунди од натпреварот на неговата татковина против Австрија на ЕВРО 2024, кој заврши 2-1.
Во последните моменти од мечот голманот Мерт Ѓунок имаше феноменална одбрана по ударот со глава на Кристоф Баумгартнер, со што спречи израмнување на 2-2 и продолженија. Турција е четвртфиналист и во битка за влез во полуфиналето ќе игра со Холандија.
Коментаторот Озтурк на цел глас викаше: „Мееерт, Меееерт. Дали си октопод? Дали си пајак?“
https://twitter.com/i/status/1808415849029435470