Ол-стар реприза, Вокер и Бил пак на мегдан во Шарлот

Полноќниот експрес во новото издание ни е составен од пет кошаркари, повторно одиграни со плус поени во индивидуален тотал. Ноќеска очекуваме ефикасни настапи од Вокер, Бил, Вучевиќ, Капела и Џорџ.

Кемба Вокер (Шарлот хорнетс – Вашингтон визардс, НБА, 01 часот)

Кемба е еден од најомилените кошаркари на пасионираните обложувачи на индивидуални тотали во поени на играчите во НБА лигата.

И за ова издание на „Полноќниот експрес“ ќе типуваме дека извонредниот бек на Шарлот ќе ја надмине зададената граница од 25.5 поени, а подлога ни се импресивните претстави токму против Визардс.

Клубот од главниот град на САД му лежи на Вокер, а на последните два меча против нив искомбинира неверојатни 74 поени. На првиот меч постигна 47 поени, а потоа додаде уште 27.

И игра во одлична форма, па без дилеми ќе ви предложиме да го одиграте со плус поени.

Предлог тип: Вокер > 25.5 поени (1.87)

 

Бредли Бил (Шарлот хорнетс – Вашингтон визардс, НБА, 01 часот)

Остануваме во Шарлот, а на нашето полноќно мени го имаме и бекот шутер на Вашингтон визардс Бредли Бил. И тој како и Вокер игра во страшна форма и е машина за кошеви.

Во финишот на февруари одигра баскет симултанка против Шарлот и им уфрли импресивни 46 поени. Како што е познато оддамна во тимот го нема повредениот Ол-стар формат Џон Вол, па на Бил му е многу полесно да дава кошеви и е прва опција на Визардс во нападот.

И како и Кемба знае со блескава серија набрзина да постигне десеттина поени, па се одлучивме да го одиграме со плус поени на третиот дуел сезонава меѓу Шарлот и Вашингтон.

Предлог тип: Бил > 27.5 поени (1.87)

 

Никола Вучевиќ (Орландо меџик – Далас маверикс, НБА, 01 часот)

Центарот на Орландо меџик беше тивок на последниот меч на Орландо во НБА лигата, постигна само 12 поени и неговиот тим загуби од Филаделфија.

Орландо има шанси за настап во плејофот, се наоша на деветтото место во Источната конференција и мора да победува ако сака да фати место во осмицата најдобри во регуларниот дел и да настапи во доигрувањето.

Ако Вучевиќ биде во свој елемент магичните можат до плејоф, а вечерва има и посебна причина да ви предложиме да го одиграте црногорскиот репрезентативец со плус поени. Ноќеска противник би требало да му биде канадскиот репрезентативец Двајт Пауел, кој не е калибар на играч што може да му парира на Вучевиќ. Пауел е повеќе крилен центар, отколку центар и некако и принудно ја игра таа позиција. Понизок е од Никола и тешко може да парира на разноврсната игра на центарот на Орландо.

Предлог тип: Вучевиќ > 20.5 поени (1.87)

 

Клинт Капела (Хјустон – Филаделфија (НБА, 02 часот)

Двете четвртопласирани екипи во двете коференции ноќеска ќе играат меѓусебе, а целта се знае, да се задржи барем моментната позиција која носи предност од еден меч повече на домашен терен во плејофот.

Филаделфија има голем проблем, не им игра можеби и најдобриот кошаркар Џоел Ембид, а се повреди и неговата замена Бобан Марјановиќ, па сега се многу тенки на позицијата под кошевите. Немаат квалитетен центар, што се шанса за одличниот скокач Клин Капела да им го наполни кошот.

Капела одлично ги чита асистенциите на Харден и на Пол и знае честопати да оди и над дваесетката во поени. Ноќеска треба да постигне најмалку 14, за да го исполни нашето предвидување дека ќе одигра со плус поени.

Предлог тип: Капела > 13.5 поени (1.87) 

 

Пол Џорџ (Лос Анџелес клиперс – Оклахома тандерс, НБА, 04.30 часот)

Џорџ паузираше на три меча, а потоа повторно се врати во препознатлив ритам и повторно е тука некаде до, или над границата од 30 поени.

Ноќеска против Портланд одигра цели 43 минути, бидејќи имаше продолженија и постигна 32 поени. На последните два меча со Клиперс постигнуваше 33 и 32 поени, а тоа е доволно за да го исполни бонусот од 30.5 поени, колку што е поставената граница во додатокот на Sport Life за НБА лигата.

Бонус за крилото на Оклахома е што реално нема кој да го чува во противничкиот табор. Данило Галинари е одличен кошаркар, но претежно со офанзивни карактеристики и не може да му се спротивстави на извонредниот Џорџ, кој е и кандидат за МВП на сезоната во НБА лигата.

Предлог тип: Џорџ > 30.5 поени (1.87)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести