Оле Гунар Солскјер дочека дебито на син му да биде против него!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, со насмевка го проследи влегувањето во игра на неговиот 19-годишен син Ноа во тимот на Кристијансунд, што беше негово деби за првиот тим. Ова се случи на пријателскиот меч помеѓу Кристијансунд, тим од истоимениот град на Солскјер во Норвешка, и Манчестер јунајтед.

На тренерот Солскјер друштво на клупата му правеше неговиот најмлад син, кој повеќе личи на Пол Сколс отколку на татко му, а фудбалерот Ноа е најстар.

Црвените ѓаволи победија само со 1-0, со голот од пенал на Хуан Мата во последните секунди од средбата. Играчи на Кристијансунд правеа селфи со Пол Погба, а низ градот навивачи се шетаа со дресови на Хери Мегваер, иако овој дефанзивец уште нема потпишано за Јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести