Олеснување за Англичаните, шок за Полјаците, главоболка за Баерн

Најдобриот фудбалер на светот за минатата година и водечки во трката за „Златната копачка“ во Европа сезонава, Роберт Левандовски, нема да биде во составот на полската репрезентација на гостувањето кај Англија на „Вембли“. Ова е огромен хендикеп за Полјаците, кои ќе мора на тешкото гостување да играат без својот лидер и капитен.

Популарниот Леви се повреди на мечот со Андора. Даде два гола на тој меч, но излезе од игра во 63-тата минута откако се пожали на повреда на коленото. Снимките покажале дека има оштетување на колатерален лигамент во десното колено, па ќе мора да паузира една недела до десет дена.

Освен што нема да игра за својата селекција против Англија, Левандовски нема да се појави ниту на бундеслигашкото дерби помеѓу Баерн и второпласираниот Лајпциг, а неизвесно е дали ќе игра на првиот меч против ПСЖ од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести