Олимпиец на Уганда исчезна во Јапонија, оставил порака

Џулиус Секитолеко, кревачот на тегови од Уганда, се води за исчезнат во Јапонија откако не се појавил на дневните тестирања за ковид-19.

Олимписката екипа на Уганда од крајот на јуни се пресели во Изумисан, во близина на градот Осака, Јапонија, каде што се подготвува за планетарниот спортски собир. 20-годишниот Секитолеко во меѓувреме не ја исполнил нормата за да настапува во својата категорија, па требало да се врати дома на 20 јули заедно со својот тренер.

Наместо тоа, тој  избегал и оставил порака во својата хотелска соба во која имал нагласено дека не сака да се врати во Уганда и дека среќата ќе си ја бара во земјата на изгрејсонцето.

Локалната полиција во меѓувреме започна истрага за пронаоѓање на Секитолеко, бидејќи начинот на кој сака да остане во Јапонија е нелегален.

- Оглас -

Најнови вести