Олимпија Милано му посака добредојде на Луис Скола

Олимпија Милано се пофали со ангажман на 39-годишниот ветеран Луис Скола, кој ќе игра во Италија и во Европа по долг период.

Во Милано одличниот центар доаѓа од Кина, каде што настапуваше за Шангај шаркс со годиншна плата од 500 илјади долари.

Скола играше брилијантно за Аргентина на Мундијалот во Кина што заврши неодамна, а центарот на Гаучосите имаше просек од 17,9 поени и 8,1 скок и го освои сребрениот медал по поразот од Шпанија во финалето.

Аргентинецот има огромно искуство, настапуваше во Шпанија за Тау Керамика речиси 10 години, потоа играше и за Хихон, па се птресели во НБА-лигата и пред да потпише за Олимпија Милано, беше член на Шангај шаркс во Кина.

- Оглас -

Најнови вести