Олимпијакос дрма со засилувања, Хамес потпиша, се чека Бакамбу (Фото)

Хамес Родригес е новото големо засилување на грчкиот гигант Олимпијакос откако денеска Колумбиецот потпиша договор со повеќекратниот првак на нашиот јужен сосед.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Баерн, Порто, Евертон… ќе се обиде да ја врати поранешната форма со која беше препознатлив како еден од најдобрите офанзивци на планетата.

По Хамес, се очекува уште едно големо засилување за Олимпијакос и во следните денови се очекува да се реализира трансферот на Седрик Бакамбу, поранешен фудбалер на Вилјареал и на Марсеј.

 

 

- Оглас -

Најнови вести