Олимпијакос го елиминира Макаби и покрај поразот дома од 1-4 на првиот меч (Видео)

Финалето на Конференциската лига годинава ќе се игра во Атина, а грчките тимови Олимпијакос и ПАОК се во четвртфиналето и сонуваат финале во ова натпреварување.

Олимпијакос вечерва по продолженија, со победа од 6-1 го елиминира Макаби Тел Авив, а Пирејците два гола дадоа во екстра периодот откако во регуларниот дел победија со 4-1.

На првиот меч во Пиреа, Макаби извојува сензационална победа од 4-1, а Олимпијакос врати со иста мерка во регуларните 90 минути, пред да ја дотолчи Гордоста на Израел во дополнителните 30 минути на средбата во српскиот град Бачка Топола, каде што Макаби играше како домаќин.

Погледнете го мајсторскиот гол на Ел Каби за 4-1:

- Оглас -

Најнови вести