Олимпијакос го реши Химки среде Москва, Басконија сигурна против Жалгирис

Олимпијакос оствари убедлив триумф против Химки во првиот меѓусебен дуел во новата сезона во Евролигата, грчкиот тим победи со 87-66, во Москва. Химки поведе по првите 10 минути со 22-20, но Олимпијакос во вториот период стигна до двофицрена предност за на пауза да заминат со резултат од 44-34. Во продолжението, гостите ја контролираа топката и резултатот, па така го осигураа првиот триумф во новата европска сезона.

Ледај беше најефикасен за Олимпијакос со 14 поени, 13 додаде Везенков, додека за Химки најрасположен беше Алексеј Швед со 31 поени.

Басконија триумфираше со конечни 87-79 на гостувањето во Литванија против Жалгирис Каунас. Пресудни беа втората и третата четвртина за поразот на Жалгирис, во кои Басконија создаде убедлива предност и ја сочува до самиот крај, и покрај обидот на домаќините да извлечат нешто позитивно од оваа средба.

Во тимот на Басконија, Грејнџер заврши со 15 поени, 14 поени додаде Шилдс. Волтерс со 19 поени беше најефикасен од составот на Жалгирис.

- Оглас -

Најнови вести