Олимпијакос пресилен за засилената Струмица

За македонскиот одбојкарски првак Струмица, квалификациите за Лигата на шампионите ќе завршат во првото коло бидејќи научна фантастика е да се направи чудо на реваншот против Олимпијакос по вечерашниот тежок пораз дома.

Струмичкиот клуб за оваа прилика се засили со неколку македонски репрезентативци, но и тоа не беше доволно за да се даде силен отпор против грчкиот гигант.

Олимпијакос победи со 3-0, а и по сетови победата беше доста убедлива: 25-15, 25-16 и 25-15. Грците имаат амбиција да влезат во главната рунда од Лигата на шампионите и покажаа дека во моментов се многу посилни од најдобриот македонски тим и со право се надеваат дека ќе влезат во групите до кои ќе треба да минат три квалификациски кола.

- Оглас -

Најнови вести