Олимпик Марсеј конечно си најде тренер

Управата на Олимпик Марсеј се договори со шпанскиот тренер Марселињо да ја води екипата во следната сезона. Оваа вест прв ја објави Радио Монте Карло уште вчера, а денеска ја потврди новинската агенција „Франс прес“.

Засега не се познати деталите од договорот, а Марселињо доаѓа на „Велодром“ како замена за Игор Тудор, кој по завршување на сезоната, си поднесе оставка. Челниците на клубот повеќе од еден месец се обидуваа да најдат решение, се шпекулираше со многу звучни тренерски имиња, но на крајот се одлучија за Марселињо.

Шпанецот е без ангажман од јуни 2022 година, кога го напушти Атлетик Билбао. Претходно ги водеше екипите на Валенсија, Виљареал, Севиља, Расинг, Сарагоса, Рекреативо, Хихон и Леалтад, а Олимпик Марсеј ќе му биде прво тренерско искуство надвор од Шпанија.

Олимпик Марсеј сезоната ја заврши на третото место и ќе игра во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести