Олимписка шампионка пливаше во „крв“, во знак на поддршка на Украина (Видео)

Познатата литванска пливачка и некогашна олимписка шампионка, Рита Мелилуте, на необичен начин му испрати поддршка на украинскиот народ.

Таа во близина на руската амбасада во главниот литвански град Вилнус, реши да плива во рибник, во вода која беше обоена со еколошки прифатлива црвена боја, симболизирајќи ја крвта на Украинците кои гинат од нападите на Русија.

- Оглас -

Најнови вести