Олимпискиот првак Зверев го освои и Синсинати, па порача: Ѓоковиќ е главен фаворит на Отвореното првенство на САД

Александер Зверев, кој одличната форма од ЛОИ во Токио, каде што освои златен медал, ја продолжи и на Мастерсот од Синсинати, каде што во финалето го разби Андреј Рубљов. Следен предизвик за петторангираниот тенисер на светот е настапот на Отвореното првенство на САД, кое исто така се игра на тврда подлога.

Зверев беше пречката која Новак Ѓоковиќ не успеа да ја прескокне во полуфиналето на олимпискиот турнир, но Германецот смета дека првиот светски рекет е лавен фаворит за освојување на последниот гренслем годинава.

„Мислам дека Ѓоковиќ е главен фаворит. Тој во Њујорк ќе прикаже неверојатен тенис, покрај тоа, и прилично е одморен сега. Но, тука се и многу други момци кои се во форма. Ќе видиме како ќе биде, морам да го пронајдам својот ритам на Отвореното првенство на САД“, изјави Зверев, кој заедно со Ѓоковиќ, Медведев и Циципас ќе бидат најсериозни кандидати за трофејот на Отвореното првенство на САД.

- Оглас -

Најнови вести