Олимпискиот шампион беше на работ на елиминација во Мелбурн, во последен момент се разбуди и победи (Видео)

Актуелниот олимписки шампион Александер Зверев се најде на работ на бездната веќе во првото коло на Отвореното првенство на Австралија, губеше со 1:2 во сетови од 104-торангираниот тенисер на светот, Хуан Пабло Варилјас, но сепак навреме се разбуди и победи со 3:2.

Зверев не е во најдобра форма, но сепак се очекуваше негова лесна победа бидејќи разликата во класа со Варилјас е очигледна.

Сепак, Перуанецот, кој има 27 години, а на АТП турнирите дебитираше во 2020 година, го одигра најдобриот меч и водеше со 2:1 во сетови.

Драматично беше во четвртиот сет што се играше во тај-брејк, а Зверев некако се извлече, го доби со 7:3 во поени и израмни на 2:2 против тенисерот што влезе на турнирот како среќен губитник во квалификациите.

Потоа Германецот трпеливо чекаше шанса за брејк во последниот сет и ја дочека во финишот, при резултат 5:4, па на крајот сепак заслужено оди понатаму со победа од 4:6, 6:1, 5:7, 7:6 (3), 6:4.

Мечот траеше 4 часа и 9 минути, а Зверев во следното коло ќе игра со победникот од дуелот Мох и Локоли.

- Оглас -

Најнови вести