Олимпискиот шампион во скок во височина го украде шоуто на првиот ден на НБА Ол-стар викендот (Видео)

Актуелниот олимписки шампион во скок во вис Џанмарко Тамбери имаше шоу на мечот на славните светски ѕвезди како вовед во Ол-стар викендот во Кливленд.

Тамбери покажа дека има извонреден одраз и со забивање ги засени сите познати ѕвезди кои беа поделени во два тима.

https://twitter.com/ClutchPointsApp/status/1494841333915127808?s=20&t=3KfWOsYs58XGX62Bio4GHg

Во последно време се играат натпревари меѓу славни личности кои не се кошаркари, па во Кливленд ноќеска играше и градоначалникот Џастин Биб.

И секако ректост на овие дуели се забивањата, но тоа му успеа на Италијанецот, кој е актуелен олимписки првак од Токи во скок во височина и поранешен европски првак.

Двете големи НБА легенди Диминик Вилкинс и Бил Волтон беа тренери на двата тима, а екипата на Волтон победи со 65:51.

Во понеделник наутри во 2 часот ќе се игра главниот меч на Ол-стар викендот меѓу двата состави што ги одбраа Леброн Џејмс и Кевин Дурант, како шлаг на прославата на 75-годишнината на НБА лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести