Дани Олмо не ги почна тренинзите со Динамо Загреб и ќе си замине во овој преоден рок, а хрватските медиуми објавија дека веќе е се договорено со Милан.
Росонерите ќе платат 20 милиони евра отштета, плус бонуси кои ќе бидат предвидени со договорот во висина од околу 5 милиони евра, а Динамо ќе има и одреден процент од следниот трансфер, ако Милан го продаде Олмо.
Ова ќе биде рекорден трансфер во хрватскито фудбал и секако клупски рекорд за популарните „модри“ од Загреб.
Олмо треба да потпише петгодишен договор со годишна плата од 2.5 милиони евра. Шпанецот блеска во последните две сезони во дресот на Динамо, а беше еден од најдобрите млади играчи на ЕП за играчи до 21 година и ја освои европската круна со „Црвената фурија“.
Одличните игри го доведоа и до настапи за А селекцијата за Шпанија, па првично Барселона, која му е матичен клуб сакаше да го врати во своите редови. Сепак до кам-бек на „Камп Ноу“ нема да дојде и Олмо ќе игра за италијанскиот гигант Милан.