Олмо: „Само 90 минути нѐ делат од трофејот, воопшто не е важно дали јас ќе дадам гол“

Шпанските фудбалери денес одржаа кратка средба со новинарските екипи во тренинг кампот, каде е сместена репрезентацијата. Еден од фудбалерите кој е во центарот на вниманието е Дани Олмо, кој во моментов е на врвот од листата со стрелците со три погодоци и две асистенции.

„Само уште 90 минути нѐ делат од славата. Размислуваме само за финалето, нашата мотивација е на највисоко ниво. Моравме да минеме тежок пат и треба да бидеме горди на тоа како дојдовме до тука. Стилот на играта е тоа што нѐ доенсе до тука. Се додека победуваме, воопшто не е важно дали ќе постигнам гол или тоа ќе го направи некој друг.“ – вели Дани Олмо.

- Оглас -

Најнови вести