Се повтори случајот со Колашинац и Озил – Олсен претрпел хорор во својот дом, го нападнале разбојници со мачети

Робин Олсен и неговото семејство претрпеле вистински хорор во нивниот привремен дом во Алтринхам, во околината на Манчестер, кога разбојници извршиле кражба, а биле наоружани со мачети.

За среќа голманот на Евертон, ниту членовите на неговото семејство не биле повредени, иако имало закани од крадците. Швеѓанецот е оштетен за неколку илјади фунти, бидејќи маскираните разбојници украле накит, луксузен часовник и потоа го напуштиле домот на 31-годишниот голман на Евертон.

Олсен е на позајумица од Рома во Евертон што трае од минатата година, а е резервна опција во тимот за англискиот репрезентативец Џонатан Пикфорд.

Ова е втор случај во последно време во Англија, познат спортист да биде под ваква закана, откако минатото лето Месут Озил и Сеад Колашинац, тогаш и двајцата фудбалери на Арсенал беа нападнати од разбојници, исто така со ножеви.

 

- Оглас -

Најнови вести