Олујата не им дозволи на Кралевите да се вратат во Мадрид

Тимот на Реал Мадрид и трет ден ќе мора да преноќи во Памплона поради непогодните временски услови кои изминативе денови ја зафатија Шпанија.

Зидан и фудбалерите фрустрирани по ремито без голови кај Осасуна наидоа на нови проблеми во снежната олуја поради која не може да се вратат во Мадрид, по што е одлучено вечерва да не се лета кон метрополата.

Поради тоа, екипата загуби еден ден од подготовките за полуфиналниот меч против Билбао во шпанскиот Суперкуп, кој е закажан за четврток. Во меѓувреме планот Б е да се отпатува за Малага каде што треба да се одржи дуелот против Баскијците.

Францускиот стратег претходно се жалеше дека вчерашниот дуел со Осасуна воопшто не требаше да се одигра, бидејќи состојбата на теренот беше неподнослива.

- Оглас -

Најнови вести