Омиќ замина од Будуќност, потпиша за Милано и веднаш ќе игра против „своите“

Ален Омиќ до вчера ги бранеше боите на јадранскиот првак Будуќност, но од денес е веќе нов член на Армани Милано. Босанскиот центар до крајот на сезоната ќе игра за „манекените“, а своето деби ќе го има уште утре, и тоа токму против црногорскиот состав.

Омиќ доаѓа како засилување на центарската позиција, како замена за повредениот Кејлеб Таршевски, кој го повреди палецот и ќе биде надвор од редовите во следните 30 дена, а можеби и повеќе.

Во дресот на Будуќност, Омиќ одигра 15 натпревари во Евролигата, каде што бележеше просек од 8,9 поени и 4,7 скока по натпревар.

Мечот Армани Милано – Будуќност е закажан за утре, во терминот од 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести