Омилениот Хрват на Гробарите со еден потег си ја затвори вратата за трансфер во Партизан (Видео)

Хрватот Марио Хезоња беше еден од омилените противнички кошаркари кај навивачите на Партизан, дури и му аплаудираа, но тоа може да се смени по една снимка која се појави во јавноста.

По освојувањето на Евролигата, Хезоња се гушкаше со Гершон Јабуселе и му рече: „Ти ја смени е.ената сезона за нас брате“.

Јабуселе е најнеомилен лик кај фановите на Партизан по боречкиот зафат со којшто го тресна од земја Данте Ексум за време на тепачката во Мадрид во финишот на вториот меч од четвртфиналето. Јабуселе не играше на фајналфорот поради суспензија, но Хезоња му се заблагодари за „придонесот“ во освојувањето на титулата.

Тоа што го направи Јабуселе беше крајно неспортски и фановите на Црно-белите нема никогаш да му простат, а останува да се види како ќе реагираат кога ќе го видат Хезоња, за кого некои сега сметаат дека е дволичен.

https://twitter.com/i/status/1660976725159731201

- Оглас -

Најнови вести