Некогаш омилениот тренер на Меси, може на Лео да му го уништи мундијалскиот сон!

Аргентина вечер не смее да загуби од Мексико, бидејќи во таков случај, за Гаучосите кои беа во најтесниот круг на фаворити за титула, ќе нема место во осминафиналето на Светското првенство.

Мексиканците ќе бидат мотивирани да ја испратат Аргентина дома, а во најнезгодна ситуација е нивниот селектор Херардо „Тата“ Мартино, кој е Аргентинец. Освен тоа, Тата е близок со Лионел Меси, а судбината може токму тој со победа над Аргентина, да придонесе за уништување на сонот на Меси дека ќе стане светски првак со својата репрезентација.

Мартино е роден во Росарио, исто како и Меси, двајцата со фудбал почнаа во клубот Њуелс Олд Бојс, а таткото на Лео токму поради Тата, го запиша Лео да тренира во Њуелс.

Во 2013 година, Мартино стана тренер на Барселона, кога главна ѕвезда на тимот беше Меси. Потоа Тата го тренираше Меси и во репрезентацијата на Аргентина од 2014 до 2016.

Сега патиштата на Лео и Тата повторно им се вкрстуваат, овојпат ќе бидат еден против друг.

Во 2019 година кога стана селектор на Мексико, Мартино не гласаше за Меси за фудбалер на годината, па можеби аргентинскиот фудбалер е злопамтило и вечерва ќе му се одмазди на пријателот.

Мартино можер да стане шести селектор кој на СП предводел селекција со која ја победил својата родна земја. Последен таков пример беше Милован Рајевац во 2010, кој како селектор на Гана, ја победи Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести