Онана во дебито за Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ прими гол од половина терен (Видео)

Во пресрет на новата сезона, Манчестер јунајтед доби и нов голман. На местото на Давид де Хеа, пристигна Андре Онана. За доскорешниот чувар на мрежата на Интер, англискиот гигант плати 55 милиони евра.

Онана денеска го има првиот меч како голман на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ и не се прослави. На пријателскиот дуел против Ленс, Онана прими гол буквално од половина терен.

Ленс освои топка на средината на теренот, а Флорија Сотока забележа дека Онана е истрчан далеку од неговиот гол и шутираше од далеку директно во мрежата на Манчестер јунајтед.

Со тој гол Ленс имаше предност од 1:0 на полувремето, но Манчестер јунајтед во вториот дел за само 15 минути успеа да направи пресврт и да постигне три погодоци за водство од 3:1 по 60 минути игра.

- Оглас -

Најнови вести