Опасни женски од Свети Кристофер и Невис – Сакаат на Мундијал, им помага и чуден гол со грб (Видео)

Женската репрезентација на Свети Кристофер и Невис сонува историски подвиг и учество на Светско првенство, а имаат шанси да ја минат првата фаза од квалификациите за Мундијалот што идната година ќе го организираат Австралија и Нов Зеланд.

Во многу важен меч фудбалерките од земјата што има само 53 илјади жители ја победија водечката Гватемала на гости со 1:2 со многу интересен победнички гол на Јахзара Клакстон.

Репрезентативката на Свети Кристофер и Невис погоди со грб во 71. минута и донесе голема радост за малата карипска земја и репрезентација.

Селекцијата на Свети Кристофер и Невис има 6 бода во Б групата од квалификациите во првата фаза за настап на Мундијалот.

Со ист број на бодови се и лидерот Гватемала и Костарика, а во групата се и Курасао со 3 бода и Девствените острови без бодови.

- Оглас -

Најнови вести