Опасниот стрелец ја памети единствената клупска титула во кариерата: Милан може да го освои Скудетото

Оливер Бирхоф ја памети единствената клупска титула што ја освои во кариерата, со Милан во 1999 година, и вели дека тимот има сè што е потребно за да го освои Скудетото во Италија.

Германецот беше најдобар стрелец во Серија А во сезоната 1997/98, а следниот циклус на натпревари во Калчото беше „таличен“ за него и стана првак со Милан во Италија.

„Погледнете им ги само лицата на фудбалерите и сè ќе ви биде јасно. Гризат за победи, за конечно по цела деценија повторно да бидат прваци. Милан беше и малер да остане без лидерот Ибрахимовиќ, но фудбалерите покажаа карактер и квалитет и победуваат и без него. Верувам дека Скудетото може да пристигне на Сан Сиро“, вели Бирхоф.

Германецот играше три сезони за Милан во финишот на минатиот век и на почетокот на овој, а беше најдобар стрелец во Серија А и потоа и се круниса во шампион на Италија.

Бирхоф беше и европски првак со Германија во 1996 година и светски вицешампион со својата земја на Мундијалот во Јужна Кореја и Јапонија во 2020 година.

Милан моментно е лидер во италијанското првенство со 40 бода по 17 кола и е меѓу кандидатите за титулата што ја нема освоено од сезоната 2010/11.

 

- Оглас -

Најнови вести