Опасно: фристајлер се судри со снимател, и тој и камерата завршија на снегот (Видео)

Финскиот скијач во „слободен стил“, Јон Салинен, лошо процени една ситуација додека изведуваше „трик“ на средина од патеката, па со скијата закачи снимател кој беше во близина за потребите на телевизискиот пренос.

Од силата на ударот, камерата падна на земја, камерманот одвај остана на нозе, а и Салинен се најде на снегот. За среќа, Салинен не беше потешко повреден, па настапи и во втората трка, а за инцидентот го обвини лошото време.

Погледнете како Салинен „слета“ врз снимателот:

- Оглас -

Најнови вести