Опасно и за ЦСКА и за Евролигата – Докторот на Армејците хоспитализиран со Ковид-19

Роман Абжелилов, докторот на кошаркарскиот клуб ЦСКА Москва е хоспитализиран во болница поради позитивниот тест на Коронавирус.

Човекот што е во ЦСКА од 2014 година нормално бил во контакт со сите кошаркари на клубот и со тренерите, па сега популарните Армејци кои се и актуелни европски прваци стравуваат од ширење на заразата.

Ситуацијата е незгодна пред се за Абжелилов кој има 44 години, но и за ЦСКА, па дури и за судбината на Евролигата оваа сезона.

Се уште не е одреден терминот кога би продолжило најквалитетното европско клупско натпреварување, а голем проблем би бил ако и некој од кошаркарите на актуелниот првак што бил во контакт со лекарот на тимот би бил заразен со Ковид-19.

ЦСКА лани ја освои осмата европска круна со победа од 91:83 против Анадолу Ефес во финалниот меч и е вториот најтрофеен клуб зад Реал Мадрид со 10 титули.

- Оглас -

Најнови вести