„Операции“ на шпанските гиганти: Реал има пари за еден голем трансфер, Барса сака размена со шампионот

Шпанските медуми бурно ги следат активностите на трите шпански гиганти на трансфер-пазарот. По што детално ги открија плановите на Реал Мадрид, Барселона и шампионот Атлетико.

За Кралевите е познато дека немаат пари за да доведат повеќе ѕвезди ова лето, но Флорентино Перес сите можни средства ќе ги користи за да го доведе Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“.

Најмалку 150 милиони евра се потребни за ПСЖ да дозволи преговори околу својата француска ѕвезда, со оглед на тоа дека Мбапе не сака да го продолжи договорот и следната сезона без отштета може да се пресели во Мадрид. Со евентуалниот ангажман на голгетерот на Светците, тимот на Анчелоти би требало да биде конкурентен во Ла Лига, но и во Лигата на шампионите, што е главна цел на рекордерот по бројот на титули во ова натпреварување.

Што се однесува до Барселона и Атлетико, се шпекулира можна размена меѓу двата клуба по која Антоан Гриезман повторно би станал Јорганџија, а на „Камп ноу“ да пристигне Саул Нигес.

Гриезман пред две години ја задолжи униформата на Каталонците, но за 120 милиони евра не ги оправдува средставата и затоа се најде на трансфер-листата. Барса ниту може да ги издржи неговите примања, а ниту да најде клуб кој ќе го купи Французинот, па затоа е воспоставен контакт со актулниот шпански првак околу евентуална трампа.

Не се исклучува можноста Барса да мора да доплати во оваа размена бидејќи цената на Гриезман падна на пазарот, додека Саул е високо вредвуван од Диего Симеоне како еден од најлојалните и најконстантни играчи во неговиот состав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести