Опозицијата во Барселона преку соопштение побара итна оставка од претседателот Лапорта

Десет групи, платформи и асоцијации поврзани со фудбалскиот клуб Барселона, објавија соопштение во кое бараат „итна“ оставка од претседателот на Жоан Лапорта и неговиот одбор на директори.

Опозицијата во Барса ја предводат Виктор Фонт и Жоан Кампруби, а причини за нивното барање за заминување на Лапорта е „случајот Дани Олмо и Пау Виктор“ и негрижата за нивната регистрација, обидот да се потпише со за нив спорниот кошаркар Томас Ертел (има изјавувано дека го сака Реал Мадрид, а од Барса замина да игра во суспендираната Русија што носеше други последици по него), сомнителната провизија од договорот со спонзорот „Најки“.

Доколку Лапорта не поднесе оставка, опозицијата бара тој да се подложи на задолжително прашање за доверба преку законските механизми, а во краен случај може да се активира таканаречена „цензура“ што не би било добро за клубот.

- Оглас -

Најнови вести