Оригинална порака на навивачите на Норич: Јасно е како бел ден – ВАР не работи (Фото)

Навивачите на Норич со оригинална парола си кажаа што мислат за ВАР системот, одобено за начинот на кој се користи во Англија.

Како да знаеја што ќе им се случува на мечот со Тотенхем, кога на Пуки му беше поништен гол на сомнителен начин, па со пораката ја погодија целта.

„Јасно и очигледно е дека не функционира“ пишуваше на банерот на „Кероу Роуд“.

Во Англија ВАР системот се применува на луден начин, а главен проблем е што главниот судија нема право сам да одлучи, односно да ги проверува спорните моменти, туку се зависи од одлуката на неговите колеги во ВАР собата.

И Англичаните имаат чудни методи, па користат Геометрија, разни отсечки и линии за да одредат што е спорно, или регуларно, а токму таква ситуација имаше и денеска, кога се чини дека Норич беше оштетен за чист гол во 35. минута на дуелот со Тотенхем што заврши нерешено 2:2.

- Оглас -

Најнови вести