Оригинална прослава: Парадираа низ градот на ФАП камион стар 70 години (Видео)

Хит сцена се случи во српскиот град Прибој, екипата на фудбалскиот клуб ФАП се пласира во Првата лига на Србија (втора по квалитет зад Суперлигата), а прославата на успехот беше со парадирање низ градот со стар камион од производителот ФАП, според кој клубот го носи името.

Пласманот во ранг погоре го обезбедија дури на пет кола до крајот, со победа над Лозница од 5-0, па радоста беше заслужена. Инаку ФАП не играл во втор ранг на национално ниво речиси 50 години.

- Оглас -

Најнови вести