Оригинално: Барнли го потврди трансферот на Дарко Чурлинов преку краток хорор-филм (Видео)

Барнли официјално потврди дека нивен нов член е македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов. Најмладиот дебитант во историјата на сениорскиот национален тим, во англискиот Чемпионшип доаѓа од германскиот Штутгарт.

„Се плашите ли од Дарко?“, стои како наслов на необичниот клип со кој Барнли го претстави Чурлинов.

Инаку, дарк на англиски јазик е темница, па од клубот решија Дарк и Дарко да ги искомбинираат во видео во кое Чурлинов како некој дух кој се појавува во темница ги плаши луѓето.

- Оглас -

Најнови вести