Тимо Вернер си се почести со убав гол со волеј во 10. минута за новиот договор што му е подготвен во Лајпциг, а Ајнтрахт Франкфурт, или популарните „орли“ паднаа по уште еден идентичен удар, повторно од волеј на Јусуф Поулсен во 80. минута.
Гостите доцна се разбудија и стасаа само до почесен погодок во 89. минута, дело на Гонкало Пасиенсија, доволен само за пораз од 1:2.
https://www.youtube.com/watch?v=lpbDQp0v934
Лајпциг по денешната победа има одличен старт во Бундеслигата со максимален учинок по две кола со гол-разлика 6:1. Пасиенсија е првиот играч што им ја затресе мрежата, но и не им го загрози максималниот ефект.
Ајнтрахт има по една победа и пораз со гол-разлика 2:2.