Осака по стапките на Џеси Овенс и Мухамед Али

Јапонската тенисерка Наоми Осака се најде во центарот на вниманието поради своите одлични игри, но и поради активностите за помош на движењето “Black Lives Matter“. Осака пред секој меч на Грен слемот во Њујорк носи маска на лицето, со име на афроамериканец кој бил убиен од полициските сили во САД.

Познатиот афроамерикански активист и писател Беј Мекнил ја спореди Осака со легендарните спортисти, борци за човековите права, Мухамед Али и Џеси Овенс.

„Мухамед Али ја ризикуваше својата кариера за да може да протестира против работите кои ги сметаше за неправедни и погрешни. Мислам дека Наоми го следи неговиот пат. Таа се придружи на заедницата која има историја. Тоа што сега го прави Осака потсетува и на активностите на Џеси Овенс. Можеби не толку во САД колку што во Јапонија. Таа е јапонскиот Џеси Овенс“, вели писателот Мекнил.

Осака пораснала во градот Осака во Јапонија. Мајка и е Јапонка, а татко и од Хаити. Во тениската кариера има освоено пет ВТА титули во сингл, од кои две се на Грен слем турнирите. Таа вечерва има шанси да стигне и до трофејот на САД Опен, бидејќи ќе биде дел од финалниот меч каде за противник ја има Азаренка.

 

- Оглас -

Најнови вести