Осака си ниже гренд-слем титули, стаса до четвртата со триумф на Австралија опен

Наоми Осака го повори успехот од 2019 на Австралија опен и повторно ја освои шампионската круна на гренд-слемот во Мелубурн, денеска со победа од 2:0 против Џенифер Брејди.

Јапонката го скрши отпорот на дебитантката во финалните мечеви на гренд-слем турнирите со клучен брејк во првиот сет при резултат 5:4. Го доби сетот и поведе со 1:0 за посигурно и полесно продолжение на финалето што траеше 79 минути.

Осака беше супериорна во вториот сет, направи два брејка во раната фаза и поведа со 4:0, што беше доволно потоа и за 6:3 и конечна победа на турнирот.

Јапонката сега има четири гренд-слем круни, по две на Австралија опен и на САД опен во Њујорк и се уште е без пораз во мечевите за титула на најценетите светски тениски турнири.

Серијата од 12-0 кога ќе стаса до четвртфиналето на гренд-слем турнирите е импресивна за 23-годипната девојка родена во Осака, Јапонија.

Утре од 9.30 часот на „Род Лејвер“ арена во Мелбурн ќе се игра машкото финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.

 

- Оглас -

Најнови вести