Осака во мамба-издание: Никој не ги памети губитниците

Моментално третата најдобра тенисерка во светот, Наоми Осака, ќе се бори за втора титула на Отвореното првенство на Австралија откако ноќеска во два сета ја елиминира Серена Вилијамс со 6-3, 6-4 во полуфиналето.

Осака на прес-конференцијата продолжи со својата традиција да носи тренерка од ЛА лејкерс по секоја победа, што воедно покажува како црпи енергија да остварува добри резултати. Со својата изјава покажа дека во неа има „мамба-менталитет“, односно зборовите на трагично загинатата кошаркарска легенда и нејзин идол, Коби Брајант, ја водат во секој натпревар.

„Сметав дека за да победам во овој меч, ми беше потребна дополнителна енергија, затоа ја носам тренерката. Луѓето не ги паметат губитниците во финалињата. Има исклучоци, но името на победникот е она кое се врежува во историјата. Сметам дека своето најдобро издание го покажувам токму во битки за титули“, посочи Осака.

И на Отвореното првенство на САД, кое Осака го освои минатата година, често го носеше дресот на Лејкерс, односно Брајант, по што ѝ стана традиционално црпење на енергија, која ќе ѝ биде потребна и во финалето против Џенифер Брејди.

- Оглас -

Најнови вести