Осасуна и Севилја ја отвораат новата сезона во Шпанија, квотите најавуваат мртва трка за титулата (Фото)

Веќе традиционално како и речиси секоја година, гигантите и најтрофејни шпански клубови Реал Мадрид и Барселона се главни фаворити за титулата во Ла Лига и за новата сезона, која почнува вечерва со пресметка на Осасуна и Севилја.

Квотите во обложувалницата Sport Life најавуваат тесна трка за трофејот. Ако уплатите денеска дека Реал ќе ја одбрани титулата, ви следува квота од 2.20. Доколку типувате на Барселона, квотата е малку поголема, 2.25.

Зад Кралскиот клуб и Каталонците се наоѓаат Атлетико Мадрид, кој беше тивок во преодниот рок, и Севилја, која се засили со Иско, но остана без Кунде.

Коефициентот за Јорганџиите е 7.00, а за Андалузијците е 20. Само уште за Вилјареал и Реал Сосиедад квотите се помали од 100.

Сезонава единствен македонски претставник во првата лига на Шпанија ќе биде голманот Столе Димитриевски од Рајо Валјекано.

- Оглас -

Најнови вести