Оштетен е и Панчев – Футре ја кажа вистината за срамното местење на добитниците на Златната топка

Пауло Футре беше дел од блескавата генерација на Порто што приреди вистински подвиг и во сезоната 1986/87 година ја освои европската круна, но и не ја доби заслужената награда Златната топка во изборот на „Франс фудбал“.

Во 1987 година целиот свет очекуваше фантастичното крило на Порто, кој веќе се пресели во Атлетико Мадрид да ја добие наградата, но се случи преседан и Руд Гулит ја доби Златната топка.

„Тоа беше моја награда. Ја заслужив и со тоа сите искрени луѓе во светот на фудбалот се согласуваат. Но, се вмеша Силвио Берлускони со неговата моќ и пари и на општо изненадување Гулит ја доби наградата. Подоцна Берлускони знаеше како да го наплати тоа“, вели Футре.

Таа неправда пет години подоцна ја доживеаја и нашиот најдобар фудбалер на 20 век Дарко Панчев и Дејан Савичевиќ. Тие завршија на делба на второто место со по 42 гласа, зад Жан Пјер Папен, кој победи со 141 глас, иако Црвена ѕвезда го победи неговиот Олимпик Марсеј во финалето на КЕШ во сезоната 1990/91.

Дарко Панчев беше најдобар стрелец во Европа таа сезона, Савичевиќ беше во топ-форма и еден од најдобрите играчи на планетата, но признанието го доби поразениот Папен. Претседател на Марсеј во тоа време беше еден од најмоќните луѓе Бернар Тапи, а наградата ја доделуваше француски медиум, па работата е јасна.

Истата неправда му се случи и на Христо Стоичков во 1992 година, кога беше европски првак со Барселона, а наградата ја доби Марко ван Бастен.

- Оглас -

Најнови вести