Осимен ги исплаши сите со мистериозната повреда, пренесен е во болница во стабилна состојба

Виктор Осимен ги исплаши сите на „Атлети Аѕури Италија“ во Бергамо, кога во финишот на мечот загуби свест на теренот, на дуелот меѓу Аталанта и Наполи.

Шпицот на гостите од Неапол одеднаш падна на теренот и веднаш беше изнесен и пренесен во болница, но според италијанските медиуми, се освестил на патот кон медицинскиот центар во Бергамо.

Сè уште не е јасно што му се случи на напаѓачот на Наполи, а се очекуваат и резултати од болницата каде што Осимен бил во свесна состојба.

Аталанта го победи Наполи со 4:2, во меч во кој сите голови беа постигнати во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести