Англискиот премиерлигаш Челзи се откажува од обидот да го доведе напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Тој побарал премногу голема плата и поради тоа веројатно зделката ќе биде откажана.
Осимен бара договор со неделна плата од дури 589.000 евра, со што би станал еден од најплатените играчи во Премиер лигата.
Челзи е шокиран од таквото барање и не е подготвен да го исполни. Поради тоа, клубот од „Стемфорд бриџ“ се насочува кон поприфатливи напаѓачки опции како што се Федерико Киеза од Јувентус и Доминик Калверт-Луин од Евертон.