Осимен ја загуби среќната маска и се повреди

Голгетерот на Наполи, Нигериецот Виктор Осимен, поради мускулна повреда нема да игра на дербито против Милан в недела, а најверојатно ќе го пропушти и првиот дуел против Росонерите во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Интересно е што иако Осимен е прва опција во нападот и најопасен стрелец, Наполи сезонава има седум победи на седумте меча кога не играл Нигериецот.

Осимен постојано на натпреварите носи маска, а за време на престојот во националниот тим на Нигерија ја загуби маската, па веднаш го фати малер и се повреди. Изгледа навистина маската му носи среќа и во тек е изработка на нова, но ќе ја стави откако ќе заврши со рехабилитација, прогнозите се дека ќе биде во аут барем две недели.

- Оглас -

Најнови вести