Ослабената ЦСКА го запре некомплетниот Реал на 55 поени

ЦСКА Москва без Хакет, Клајбурн и Стрелниекс, во евролигашкото дерби со 60-55 го победи Реал Мадрид за кој не играа Руди Фернандес и Рендолф, а Љуљ не даде кош.

Двата тима беа катасторфални во нападот, а Реал комплетно потфрли во второто полувреме во кое даде само 22 поени. Ветеранот Фелипе Рејес од Реал стана петтиот кошаркар во историјата на Евролигата со постигнати 3.000 поени, а но за тимот заврши серијата од 13 победи едноподруго.

Поразот на шпанскиот првак го искористи Анадолу Ефес, кој со 88-68 го победи Армани Милано, па сега Ефес е осамен лидер на табелата и единствен тим со три порази.

- Оглас -

Најнови вести