Ослабениот Арсенал се навикна да победува на гости кај Тотенхем

Арсенал трета сезона по ред победи на гостувањето кај најлутиот ривал Тотенхем, овојпат со 1-0, доволно за искачување на второто место на премиерлигашката табела со два бода помалку од лидерот Манчестер сити кој е максимален со 12 бода од четири кола.

Топчиите беа драстично ослабени со неиграњето на неколку важни играчи, меѓу нив и стандардните стартери Мартин Одегард и Деклан Рајс, но и без нив тимот победи благодарение на голот на Габриел Магаљаес. Арсенал е најопасен тим според бројот на голови од прекин во последните две сезони, што се потврди и денеска, голот падна по нафрлување од корнер.

- Оглас -

Најнови вести