Османи готви рецепт за победа против своите

Ќатип Османи денеска ќе има шанса да најде победнички рецепт за Шкупи, против својот доскорешен тим Шкендија, што успешно го предводеше до неколку титули на домашната сцена.

На стадионот во Чаир денеска од 15.30 часот ќе се игра едно од двете дербија на осмото коло во Првата македонска лига.

Шкупи влегува со мини-серија од два меча без победа во дуелот до шампионот, кој фати залет и по мизерниот старт сега нанижа три победи по ред и се искачи на четвртата позиција на табелата.

Дуелите на овие два тима, чести претставници на нашиот фудбал во еврокуповите се секогаш интересни, а Шендија има многу повеќе успеси.

На последните 13 првенствени, или куп меѓусебни мечеви Шкендија само еднаш претрпе пораз од Шкупи, а билансот е 8 победи на актуелниот првак, четири нерешени и само еден неуспех.

Денеска на гости на Чаир на тетовци ќе им биде потешко, бидејќи Османи добро ги познава, па Шкупи се надева на подвиг и победа против ривал што е многу незгоден за нив.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести