Осмиот тенисер во светот се жали дека нема пари да си купи стан

Андреј Рублев моментно е на осмото место на АТП листата, а во досегашниот дел од кариерата има заработено безмалку осум милиони евра од играњето тенис. Иако во кариерата има добиено милиони суми, Рублев се пожали дека нема можност да си купи стан.

„Минатата година пет месеци морав да им давам плата на сите членови од мојот тим, а немав ниеден настап и немав никакви проходи. Заштедив само на авионските карти кои ги купувам кога патувам некаде. Точно е дека добро заработувам, но тенисот е скап спорт. Не остануваат доволно пари за поголеми инвестиции“, рече Рублев,, кој има 23 години.

Младиот Русин, во кариерата има освоено осум АТП титули. Најуспешна му беше минатата година, кога успеа да освои пет турнири. Победи во Виена, Санкт Петербург, Хамбург, Аделаида и Доха.

- Оглас -

Најнови вести