Осмото коло на Спортска прогноза е во тек – Дербито на Рур има посебен шарм

Шалке 04 и Борусија Дортмунд се подготвени за 139-то дерби на Рур, а Регионалната германска пресметка во сабота од 15.30 часот ќе го отвори осмото коло на Спортската прогноза. И секако ќе биде во фокусот, како посебен предизвик за сите учесници во нашата игра што е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life.

Се што ви треба за да се приклучите е картичка од Sport Life, а потоа следните чекори се едноставни и треба само прецизно да се типуваат 13 основни двојки и две резервни.

Меѓу поинтересните мечеви што се во понудата за тековното коло е и пресметката меѓу Ливерпул и Тотенхем кои се лански финалисти во Лигата на шампионите, а сега ќе играат за бодови во Премиерлигата. Тој меч е закажан за в недела од 17.30 часот.

Ќе се бие неизвесна битка и во Рим, во дербито од 9. коло во Серија А меѓу Рома и Милан, а има уште дузина интересни натпревари што се предизвик за типување.

Секако треба да се внимава и на двата резервни натпревари кои се сметаат во Генералниот пласман. Овојпат ги одбравме дуелите меѓу Валјадолид и Еибар и Борусија Менхенгладбах со Ајнтрахт Франкфурт.

Потсетуваме дека прогнозерот што ќе ги погоди сите 13 двојки ќе добие прекрасен мобилен телефон „IPhone XS“.

За 12 погодоци се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а 500 денари ваучер од Sport Life е наградата за прогнозерите што ќе имаат 11 погодени парови од основната програма.

Најдобриот прогнозер во Генералниот пласман на крајот на сезоната ќе добие Смарт ТВ од 48 инчи, вицешампионот ќе биде награден со 500.000 SL маркет поени, а до петтото место наградите се движат од 400.000 SL маркет поени, потоа 300.000, односно 200.000 поени за прогнозерот што ќе го затвори кругот во Топ 5.

 

- Оглас -

Најнови вести