На Твитер профилот на македонскиот второлигаш Осогово на интересен начин го коментираат неверојатниот резултат и пораз на Саутемптон од 0:9 против Лестер.
„Дури ниту ние не губиме со 0:9“, пишува на Твитер профилот на Осогово, клуб што стана хит со штосните досетки на социјалните мрежи.
https://twitter.com/en_gfk/status/1187838681979215877?s=20
И на кочанчани не им е до шега, бидејќи нивниот фудбалски миленик не игра добро сезонава и по 9 кола има само една победа и 8 порази со гол-разлика 5:24.
Моментно Осогово е на претпоследното место во Втората македонска лига Исток.